
Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески заедно со дваесетина земјоделски производители од оваа општина е во дводневна посета на 86 Меѓународен земјоделски саем во Нови Сад, Србија.
Уште една убава вест, како потврда за досегашната посветеност, работа и заложба. На 86 Меѓународен саем во Нови Сад градоначалникот Зоран Ногачески доби награда за најдобри практики за заштита на животната средина.
Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е најголемиот саемски настан во Србија и еден од најголемите во Европа во областа на земјоделството. На него се претставуваат најзначајните компании во агро индустријата, земјоделското производство, механизацијата, како и најдоброто во сточарството. Неодминливо место е за земјоделците и професионалната публика, на која земјоделството и е во фокусот на вниманието.

Трошоците за превоз се покриени од општината, а посетата на саемот е во соработка со Здружението за екологија и туризам “Екоменлог” Охрид, подружница Дебрца.
Публицитет.мк






