Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески денеска оствари две онлајн средби преку дигиталната алатка ZOOM.
На првата, Ногачески имаше консултација со граѓаните и граѓанските организации во процесот на креирање на буџетот и годишните програми на општина Дебрца за 2021 година.
На втората, тој присуствуваше на седницата на Советот на Југозападниот плански регион. На неа беа презентирани концепт-решенијата за предлог-регионални проекти кои ќе бидат финансирани преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година.
Публицитет.мк