Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески денеска ги прими учесниците на првиот Балкански детски и младински поетски камп „Поетски искри од огништето на Ванчо Николески” што се оддржува во чест на родоначалникот на македонската литература за деца и млади, Ванчо Николески.
Ногачески ги запозна гостите со основните податоци за општина Дебрца, посакувајќи им убав престој и инспирација за творење.
Првиот Балкански детско – Младински Поетски Камп „Поетски искри од огништето на Ванчо Николески – 2019” се одржува во организација на Здружението за култура и литература “Мацково” од Охрид.
Целта е да се обнови споменот кон писателот – втемелувач на литературата за деца и млади, легендарниот Ванчо Николески, низ заедничко другарување и создавање творештво на деца и млади од поширокиот балкански регион.
Кампот се одржува, во терминот од 17 до 20 јуни 2019 година, во Охрид, Лескоец, Вевчани и во Белчишта – седиштето на општина Дебрца, односно во Црвена Вода, родното село на Ванчо Николески.
Публицитет.мк