Градоначалникотна Општина Дебрца Зоран Ногачески оствари средба со претставниците на Координативното тело, кое беше носител на еколошката “револуција” во Дебрца, односно на активностите аргументирано да се докаже дека Дебрца и сливот на Охридското Езеро не се место за изградба на регионална депонија.
На средбата, Ногачески ги информираше гостите за тековните и идните проекти, особено во делот на екологијата.
Граѓанските предлози, сугестии и забелешки секогаш се добредојдени, вели градоначалникот на општината Зоран Ногачески.
Извор: www.debrca.gov.mk