• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, јуни 30, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Градоначалникот Стојаноски на средба со жителите на Велгошти и Лескоец

март 6, 2018
in Тикер
Градоначалникот Стојаноски на средба со жителите на Велгошти и Лескоец

Градоначалникот Јован Стојаноски и дел од неговите соработници, синоќа имаа средби со граѓаните од Месните заедници Велгошти и Лескоец.

На средбите, кои се дел од однапред утврдената програма за посета на сите урбани и месни заедници на територијата на општина Охрид, се разговараше за динамиката на реализирањето, пред се на комуналните проекти.

Жителите на селото Велгошти побараа подобрување на водоснабдувањето, асфалтирање на улици и изградба на потпорни зидови, регулирање на речните корита, дивите депонии и проширување на мрежата за улично осветлување, а инсистираа што поскоро да се се уреди патот до црквата Свети Никола и месните гробишта. Заеднички беше констатирано дека во иднина ќе има почести средби меѓу месната заедница и Локалната самоуправа на кои ќе се договараат приоритетите.

На средбата со жителите на селото Лескоец, градоначалникот Јован Стојаноски најави дека со донесувањето на Деталниот урбанистички план за оваа населба, многу поефикасно ќе се решаваат комуналните проблеми.Планот, според стручните служби на Локалната самоуправа, до крајот на оваа година ќе биде до фаза на јавна презентација, а потоа согласно законските одредби и рокови ќе следи негово донесување.Во расправата беше посочено дека треба да се средат проблемите со водоснабдувањето, канализационата мрежа, безбедноста во сообраќајот, отворање на детска градинка, завршување на работите на спортското игралиште и уште неколку комунални проблеми.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Посетеност: 60
Share
Previous Post

Се уредува патеката до „Св. Варвара“

Next Post

Аптека „Мерифарм“ – Охрид: Интересна понуда за 8 Март

Next Post
Аптека „Мерифарм“ – Охрид: Интересна понуда за 8 Март

Аптека „Мерифарм“ - Охрид: Интересна понуда за 8 Март

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 60

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk