Охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“ на чело со диригентот Бурим Хидри, синоќа во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ приреди уште еден концерт за паметење, со кој финишира уште една успешна година.
На репертоарот имаше композиции за сечиј вкус, духовни, македонски традиционални композиции, странски, а премиерно ја изведоа композицијата „Боса роса“ од охридскиот композитор Гоце Гаврилоски. Публиката секоја изведба ја награди со аплауз, а на крај и стоечки овации. Градскиот хор „Вокс Лихнидос“ овој новогодишнен концерт му го посвети на починатиот градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски, кој беше нивни поддржувач.
По концертот, хористите в понеделник ќе настапат на божиќната миса во Католичката црква, а на 29-ти декември и на јубилејниот концерт на охридската група „Камелеон“.
Публицитет.мк