Градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ успешно се претстави и пред српската публика. Неколку дена престојуваа во Врњачка Бања и настапија на концертот на хорска музика „Istočnik živonosni”, заедно со домашниот хор „Абрашевиќ“.
Под диригентската палка на Бурим Хидри изведоа неколку духовни, традиционални и современи композиции, а публиката ја изненадија со изведба на македонската песна „Елено ќерко“, што наиде на овации и аплаузи.
Во рамки на гостувањето, хористите на „Вокс Лихнидос“ ги посетија и позначајните места во Врњачка Бања.
Публицитет.мк