Традиционалната Грчка вечер на 62-то „Охридско лето“ вечерва од 20 часот во црквата „Света Софија“ ќе го донесе триото „LEΣ LYRISTEΣ“.
Ова трио го сочинуваат Софија Каракута -вокал и тригином, Роза Фрагорапти – лира и Никос Ксантулис – лира варвитон.
Основниот елемент при формирањето на триото LEΣ LYRISTEΣ е античката грчка лира со седум жици која е симбол на музиката во западно-европската традиција. Прекрасниот звук на лирата кој ги маѓепсувал античките филозофи е оживеан низ музицирањето на ова трио во комбинација со основниот човечки инструмент- гласот. На тој начин овој инструмент (лирата) го бара своето место на музичките сцени во денешното, модерно време.
Од основањето во 2020 година, овој ансамбл настапува на бројни концертни сцени во Грција и надвор од неа, на фестивали, едукативни програми, работилници, конференции, универзитетски проекти и на програми на радио. Нивниот прв албум со поезија на поетесата Сафо и музика создадена од д – р Никос Ксантулис набргу ќе биде објавен.
Публицитет.мк