Грчкиот парламент ги одобри строгите економски реформи барани од европските лидери како услов за добивање нова финансиска помош. Гласањето ги го покажа големото несогласување околу овие мерки во владејачката партија Сириза. Законот со кој се воведуваат зголемување на даноците и реформи во пензискиот систем, како и други мерки, беше усвоен со 229 гласа „за“ и 54 „против“. Неколкумина проминентни членови на партијата на премиерот Алексис Ципрас гласаа против, вклучувајќи ги тука министерот за енергетика Панајотис Лафазанис и поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис. Ципрас изјави дека нацијата немала друг избор од прифаќање на тешките услови од кредиторите. За време на расправата во парламентот илјадници луѓе демонстрираа против новите мерки за штедење. Притоа дојде и до судири со полицијата.
Извор: Радио Слободна Европа