Новата година полна со нови надежи. Премиерно на наше големо задоволство ви го претставуваме нашиот сплет на Охридски староградски песни – Охридска приказна. Со голема љубов сакаме да го удостоиме нашиот град Охрид, сите љубители на староградската песна, сите наши слушатели и пријатели насекаде низ светот, велат членовите на групата „Сарај“и додаваат:
Со голема љубов сакаме да го удостоиме нашиот град Охрид, сите љубители на староградската песна, сите наши слушатели и пријатели насекаде низ светот. Збогатете ја вашата софра со звуците на еден поинаков, автентичен Охрид кој што сведочи за многу вистинити случувања на овој град пренесени преку песна. – велат младите музичари од група „Сарај“.
Голем поздрав до целата екипа на Digital Box, статистите и сите кои придонесоа да се оствари овој проект.
0:24 Ој ти момче Охриѓанче 3:47 Охрид, Охрид убав мил 7:25 Од умот се подизгубив 10:27 Голема риџа ти чинам 16:51 Ќе ме грабит Нане 22:51 Ој Зарино 26:42 Се решив да се женам 29:54 Ја излези стара мајко 33:47 Антица 37:13 Бог да биет Русе 41:46 За Фросина 47:15 Налеј Налеј
Свират и пеат од душа и за душа: ∙Христијан Пазаркоски – Хармоника ∙Петар Паскали – Виолина ∙Марко Михајлов – Гитара ∙Бојан Митрески – Контрабас ∙Димитар Трајаноски – Тарабука
Уживајте!
Со почит Група Сарај
Видеото е снимено во ресторан БЕЛВЕДЕРЕ во Охрид.
Публицитет.мк