• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, јули 17, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Хајндл: Прво исполнување на условите, а потоа датум за избори

јули 7, 2016
in Актуелно

Парламентарните избори треба да се одржат пред 2018 година, а претходно мора да се создадат услови тој процес да биде фер и демократски, вели германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл, во интервјутоза „Алсат М“.

Хајндл, како што пренесува телевизијата, во дел од интервјуто, кое ќе биде емитувано утре во 22.30 часот во емисијата „360 степени“, вели дека, според него, поважно од датумот за изборите е постигнувањето консензус околу двете клучни прашања, односно избирачкиот список и медиумите. Тоа, според него, треба да биде направено во наредните неколку недели, пред летните одмори.

Неговиот впечаток по разговорите со претставниците на политичките партии е дека барем за избирачкиот список би било можно скорашно решение, додека околу медиумите сè уште се водат разговори.

„Тоа е комплексна тема и се надевам дека партиите ќе дојдат до решение пред летните одмори. Ако партиите самите не постигнат решение, тогаш би можеле да се повикате на совет и на експертиза на меѓународни експерти“, вели Хајндл.

Во врска со инвестициите, Хајндл вели дека тие и странскиот капитал одат таму каде што парите се добро и безбедно инвестирани.

„Ова подразбира функционирање на правната држава, политичка стабилност и борба против корупцијата. Во ова спаѓа и позитивната перспектива за иднината. Ова се фактори кои Македонија треба да ги изнесе на виделина кога бара странски инвестиции. Ако сме реални и искрени, треба да дојдеме до заклучок и да признаеме дека Македонија поради кризата, во споредба со другите земји, е губитник на теренот. Тука се поврзува и нешто друго, а тоа е дали Европската комисија наесен ќе биде во можност да ја повтори препораката за почеток на преговорите за членство“, смета Хајндл.

Специјалниот германски пратеник, кој пред извесен период беше во Атина, порачува дека во овој момент фокусот треба да биде ставен на решавање на политичката криза во земјава, а не на прашањето за името.

Хајндл изминативе два дена беше во посета на земјава и имаше средби со политичките лидери и со претставници на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино во обид да се најде решение за политичката криза.

Извор: www.meta.mk 

Посетеност: 80
Share
Previous Post

До почетокот на чии летни одмори мисли Хајндл да ја реши кризата?

Next Post

Во Охрид почна летниот режим на сообраќај

Next Post

Во Охрид почна летниот режим на сообраќај

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 80

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk