Во Турција вечерва во тек е воен удар на дел од армиските единици. Пучистите тврдат дека ја презеле контролата врз државните институции, но нема официјална потврда. Армијата е на улиците
Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека се работи за „илегална акција“ на воена група и тврди дека владата и натаму ја има состојбата под контрола.
Во соопштение од воената група се наведува дека армијата ја презела контролата врз државата.
„Власта во државата е преземена во целост“. Останува нејасно кој ја претставува и предводи оваа група.
Според Јилдирим, се работи за армиска група „која излегла од командниот синџир“.
Војниците се наоѓаат и во зградата на Турската државна телевизија. Пристапот до Фејсбук, Твитер и Јутјуб е отежнат во земјата, јавуваат агенциите.
Според извор во претседателскиот кабинет, шефот на државата Реџеп Таип Ердоган е на сигурно.
Извор: www.dw.com