• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, мај 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Хуманитарна акција на Црвен крст – Охрид „Помислете и на нас“

октомври 18, 2022
in Тикер
Хуманитарна акција на Црвен крст – Охрид „Помислете и на нас“

Во животот, на луѓето им се случуваат немили настани како губење работа, болест во семејството, губење на близок член, природни катастрофи како поплава, пожар… и сл. и истото повлекува финансиски проблеми кои го нарушуваат секојдневното живеење и тогаш приоритетите се менуваат.

Тогаш храната е најголем приоритет кој треба да се обезбеди, а потоа да се соберат сили и да се надминат и другите потешкотии. Дополнителна закана за најранливите лица и семејства е енергетската криза со што се продлабочи несигурноста во обезбедување и подготовка на храна. Социјално ранливите семејства често бараат храна токму во Црвениот крст, кој има улога да го намали страдањето и да им даде поддршка во најтешките моменти.
За таа цел Црвен крст Охрид традиционално ја организира кампањата за „Ден на борба против глад“ под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС“ со цел поттикнување на граѓаните, компании, фирми, банки итн. активно да учествуваат во оваа хуманитарна акција.
Оваа година Меѓународниот ден на борба против гладта 16 Октомври и Неделата на борба против гладта (16-22 Октомври) ќе го одбележиме со активности насочени кон прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца.
Во текот на Неделата на борба против гладта од 16-22 Октомври во повеќе градски маркети ќе бидат поставени пунктови на Црвен крст Охрид со видно обележени корпи во кои хуманите сограѓани ќе можат да стават-донираат прехрамбени производи.
Од донираните средства и собраните намирници во кампањата ќе се подготват хуманитарни пакети со прехрамбени производи, кои ќе бидат дистрибуирани до крајните корисници.
Упатуваме апел до нашите сограѓани, компании, фирми, институции, да се вклучат во хуманитарната собирна акција на Црвен крст Охрид и според своите можности дадат придонес во олеснувањето на секојдневието на социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца.

Публицитет.мк 

Посетеност: 72
Share
Previous Post

Промоција на „Скротителка на змејови“-хаи[бун]наку од Дијана Петкова

Next Post

Денес им е роденден: Мирче Грашаровски

Next Post
Денес им е роденден: Мирче Грашаровски

Денес им е роденден: Мирче Грашаровски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 72

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk