Традицијата не изостана во одбележувањето на „Неделата на борба против гладот“ со изработка на хуманитарни пакети во кои ги има основните прехранбени производи денеска се вклучи и единствениот женски Лајонс клуб во Охрид „Деница“.
Членките на „Деница“ со помош и во соработка со црквата „Св Ѓорѓи“ и Даниела Блажеска ги доставија пакетите до семејствата на кои и ваквата скромна помош во мигот им е добредојдена.
-Целта на оваа хуманитарна акција е да се поттикнат и другите граѓани и институции , секој во рамките на своите можности , да одделат време и средства и да им помогнат на оние на кои помошта им е неопходна, велат од женскиот Лајонс клуб „Деница“
Публицитет.мк