
Денеска и во Охрид , впрочем како и низ цела земја се одржа 13-то издание на хуманитарната манифестација „Напред Розово“ .
Настанот се организираше во пресрет на октомври, месецот посветен на борбата со ракот на дојка. Организатор беше здружението “Борка за секој нов ден” како дел од најголемиот хуманитарен настан во Европа Race for the cure.
Пратеничката Жаклина Лазаревска на својот ФБ профил напиша: –
Градоначалникот на Охрид , д-р Константин Георгиески , претседателката на советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, јас пратеничка , претставник на охриѓани во Собранието, највисокиот законодавен дом на државата, директорки на охридските ЈП и училишта, волонтерки во Црвениот крст од Охрид, бројни охриѓанки се собравме со цел за да го дадеме својот придонес и поддршка на лицата кои се борат со оваа тешка и мачна болест која не бира ни пол, ни возраст, ни боја на кожа.
Настанот нека биде поттик на сите наши сограѓанки во подигање на свеста за навремено откривање и превентива , за навремена детекција и редовни контроли со цел рано спречување и успешно лекување од оваа раширена и опака болест.

На симболичниот марш на жените им се придружи и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Публицитет.мк
Посетеност: 73