На Конференцијата на ОО СДСМ – Охрид која синоќа се одржа во присуство на потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски делегатите со акламација, едногласно го утврдија д-р Константин Георгиески како официјален кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ на претстојните избори за градоначалник на општина Охрид.
-За доброто на Охрид, вд градоначалникот Константин Георгиевски е најдобар избор за градоначалник кој ќе продолжи со реализацијата на програмата за развој на општина Охрид на покојниот градоначалник проф. д-р Јован Стојаноски, беше констатирано на конференцијата.
Публицитет.мк