
Расне еколошјата свест меѓу жителите на општина Дебрца. Граѓанин на село Злести до градоначачникот на општина Дебрца Зоран Ногачески пратил неколку фотографии со порака дека во околината на Основното училиште има расфрлано отпад.
-Денеска ја испративме екипата на Јавното комунално претпријатие да изврши чистење. Во наредните денови вакви акции за чистење на отпад по улиците ќе бидат преземени редоследно во сите села, а во наредниот период ќе се изврши чистење на поголеми диви депонии во општината.

Граѓаните ги охрабрувам да доставуваат пријави за детектирани места со отпад во селата, но истовремено апелирам сите совесно да постапуваме со отпадот и да не го фрламе насекаде.
Граѓаните од селата на Горна Дебрца ги известувам дека за бргу и во нивните села ќе воведеме организирано собирање на комуналниот отпад, најави градоначалникот Ногачески.
Публицитет.мк







