Партнерството помеѓу Јавната установа Национален парк Галичица и Фондот за природа Преспа-Охрид (ПОНТ) продолжува.
Во согласност со мисијата и визијата на Фондот и потпишаниот договор со Министерството за животна средина и просторно планирање, потпишан е тригодишен договор со кој ПОНТ ќе продолжи и во следните три години (2021, 2022 и 2023) да покрива дел од оперативните трошоци на ЈУНПГ, во висина од околу 600,000.00 евра.
Договорот беше потпишан од страна на Миријам де Конинг извршен директор на ПОНТ, и директорот на ЈУНПГ, Васко Паскали, во согласност со протоколите за заштита од Ковид 19.
Покрај потпишувањето на договорот помеѓу ПОНТ и ЈУНПГ, во просториите на ЈУНПГ беше потпишан и договорот помеѓу ПОНТ и Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – сите за спорт“ од Охрид и Здружението „Трекс“ од Скопје, кои го организираат „Охрид Ултра Треил“.
Со овој договор ПОНТ ја потврдува заложбата финансиски да помага настани и иницијативи кои се насочени кон промоција на Галичица и регионот на национално и меѓународно ниво и да иницира спортски активности на отворено ставајки акцент на подигнување на еколошката свест и потребата од заштита на природата.
Извор: ЈУНП Галичица