• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Илкер Мустафа – еден од незапрливите херои на ова Ковид време

декември 7, 2021
in Омнубус
Илкер Мустафа – еден од незапрливите херои на ова Ковид време

По повод Светскиот ден на волонтерството, Црвениот крст на РСМ организираше пригоден настан на 3-ти декември во хотел DoubleTree by Hilton Скопје со цел да се оддаде признание за придонесот на волонтерите на Црвен крст.
 
Настанот се одржа под мотото „Хероите меѓу нас – Незапирливи“, асоцирајќи на посебните напори на нашите волонтери кои делуваат понекогаш и во исклучителни околности обезбедувајќи поддршка и помош за различни целни групи погодени од итни состојби и ризици. Доделени беа 11 благодарници на волонтери на Црвениот крст на РСМ кои дале посебен придонес во реализацијата на целите и задачите на националното друштво во 2021 година, меѓу кои и волонтерот од Црвен крст Охрид, Илкер Мустафа. 
 

Илкер Мустафа се вклучи во активностите на Црвен крст Охрид за ублажување на последиците од пандемијата на КОВИД-19 во првите кризни денови. Како член на мобилните тимови формирани во март 2020 година, несебично вложуваше труд и време за да им укаже помош на оние на коишто им беше најпотребна. Исполнителен и доверлив, Илкер придонесе кон вклучување и одржување на соодветни услуги наменети за ранливите граѓани во одговорот на Црвен крст Охрид на пандемијата; непосреден и ведар во комуникацијата со корисниците на услугите на Црвен крст Охрид, секогаш подготвен да сподели убав збор, Илкер донесе насмевки на многу лица во Охрид и во охридско. Неговите одлични комуникациски и вештини за дејствување во тим, неговото знаење и искуство, како и неговата совесност во работењето, го истакнаа како одличен соработник и придонесоа кон создавање позитивна работна атмосфера во време на неизвесност и вонредни услови за работа.
 

Исклучителен е доброволниот придонес на Илкер Мустафа – посветен на работата за доброто на неговите сограѓани и на неговата заедница, Илкер е пример за волонтер на Црвен крст, велат од оваа хуманитарна организација. 
 
Публицитет.мк 

Посетеност: 102
Share
Previous Post

Фаќачот на крстот во друштво со галебите – фото: Пецо Бојчевски

Next Post

Претстава “Сопружници” од Вуди Ален на репертоарот е овој петок

Next Post
Претстава “Сопружници” од Вуди Ален на репертоарот е овој петок

Претстава “Сопружници” од Вуди Ален на репертоарот е овој петок

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 102

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk