
Со цел задоволување на потребите од вакцинирање против сезонски грип и на оние лица кои не се во состојба да дојдат во амбулантите на Центар за јавно здравје Охрид, поради старост, одреден хендикеп или телесен инвалидитет, мобилни екипи на Центар за јавно здравје Охрид вршат вакцинирање против грип и во домовите на таквите лица.
Доколку пациентите обезбедиле упат од матичен лекар со термин за вакцинирање против сезонски грип или сакаат да се вакцинираат со комерцијална вакцина чија цена изнесува 650 денари, а не се во можност да дојдат во амбулантите на Центар за јавно здравје Охрид, можат телефонски да ги остават своите податоци во оваа јавна здравствена установа.

Мобилните екипи на Центарот ќе ги посетат во домовите и ќе ги имунизираат пациентите против сезонскиот грип.
Публицитет.мк







