• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јуни 29, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

IN MEMORIAM: Мирјана Мијалкова – човек со добра душа

јули 30, 2024
in Омнубус
IN MEMORIAM: Мирјана Мијалкова – човек со добра душа

Драга Мире, моја колешке и искрена пријателке

Цел еден ден како вечност е зад мене од мигот кога ја слушнав кобната вест за твоето прерано заминување од овој свет и се’ уште верувај ми не сум во можност да ги соберам мислите, спомените и да соберам сила да напишам нешто за Тебе, за нас, за фелата, за радиото во кое минавме заедно над 20 години, а пријателството ни траеше уште толку.

Знам, ќе речеш: Милчо , па ти во миг составуваше цели текстови кои одеа во етерот а сега не можеш да составиш неколку реда. Да, таквиот текст Мијалкова новинарски ај да не речам протоколарен за твоето прерано заминување во една друга димензија каде што знам ќе се најдеш и со останатите колеги кои си заминаа прерано го напишав и го споделив најбрзо што можев со фелата и јавноста.

Но, овој во кој сакам да ти ја изразам сета БЛАГОДАРНОСТ кон тебе за нашата бескрајна колегијалност, која одамна прерасна и во семејна дружба и почитување ми оди навистина тешко.  

Ти беше една исклучителна ретка личност со која ми беше чест што бев во друштво. Од првиот миг кога се запознавме во радиото ти штотуку вратена од Штип а јас уште студент – летото 1986 година.

Ти веднаш рече една половина од моето работно биро е твое и така остана до мигот кога се вработив.

И така продолживме поддржувајќи се еден со друг.

Заедно како од шега со многу љубов правевме емисии, кроевме програмски шеми, на колегиуми паѓаа редакциски кавги за подобра емисија, програма, а потем сите заедно пиевме кафе, појадувавме се дружевме  и како ништо да не било продолжувавме со многу елан и љубов да го градиме нашето радио Охрид и среќни што бројот на слушателите беше незамисливо голем гледано од денешен аспект.

Ретка заедничка фотографија – октомври 2022

Делевме заедно исти сектори, најчесто култура и  образование, ја користевме истата твоја торба за ухерот – снимачот кој тежеше над пет килограми и вредно секојдневно снимавме нови изјави.

Ти беше голем професионалец, но скромна и едноставна а на прво место ти беше работата и грижата за семејството.

Ќе останеш во нашите сеќавања заедно со илјадниците анегдоти и минати часови во куќата кај Чинарот.

Ќе останат во сеќавање шегите од типот: Одам на семеен ручек во Варош и дека со секој ручек треба да се има супа.

Секогаш кога ќе каснам пастармајлија ќе се сеќавам на твоите штипски и на многуте видови слатка со кои ме честеше при секое доаѓање во Вашиот дом. 

На англискиот чај кој по лондонски рецепт од твојот Благој само го пробав и оставив. А ти уште од пред тоа занеше дека нема да ми се допадне.

И јас , верувам но ти никогаш не ја изневери мојата голема доверба во тебе. Никогаш нема да ги заборавам заминувањата од работа по улицата „Даме Груев“ и бескрајните разговори во кои имаше место и за случките од работа , но многу повеќе за нашите семејни дилеми и како што знаевме и можевме си помагавме да ги решиме.

Двајцата споделувавме еден на друг грижи кои никој друг не ги дозна а нам по секој разговор ни беше полесно.

Имам уште многу да раскажувам, но знам ќе речеш, ко секогаш: Ај доста претера, не фалиме многу.

Кога ќе претерав и ќе поставев некои невозможни лимити или нешто ќе те прекорев пак врзано со работата и желбата да сме најдобри, ти ќе ми речеше: Ај не претерви, мајка можам да ти бидам.

Мире, навистина многу ќе ми фалиш. Често се слушавме и не гледавме кој кому ќе ѕвони. Пријателството се засноваше на вистинско пријателство а не од интерес. Ете во овој кобен јули дури во два наврати ми ѕвона и водевме бескрајно долги разговори ни малку не насетувајќи дека тој од 12 јули за жал ќе ни биде последен.

Во телефонот ќе остане твојот број запишан – едноставно МИЈАЛКОВА така најчесто и ти се обраќав. Уште сега ми фалиш…

Знам, сакаше многу да дојдеш уште еднаш во нашиот двор да ја видиш мајка ми Љуба, да ти ги предадам сувите лисја од смоква во тегла ама таму каде што си веќе или патуваш кон Рајот велат немало болка, (кој знае) и сигурно нема да ти треба.

Искрено сочувство до твоите Благој, Кони и Александар и до целото ваше семејство.

Почивај во мир драга Мире и нека те пречекаат ангелите. Ти тоа го заслужуваш!

Ете толку, солзите  пак капат по моето лице…

Од твојот колега и пријател,

Милчо Јованоски

Публицитет.мк

Посетеност: 195
Share
Previous Post

Почина Мирјана Мијалкова – поранешен новинар и уредник  во Радио Охрид

Next Post

Превентивно-едукативна кампања на Езерската полиција и Црвениот крст за заштита од топлотен удар

Next Post
Превентивно-едукативна кампања на Езерската полиција и Црвениот крст за заштита од топлотен удар

Превентивно-едукативна кампања на Езерската полиција и Црвениот крст за заштита од топлотен удар

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 195

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk