
Охрид и охриѓани денеска на достоинствен начин се простија од својот градоначалник од д-р Јован Стојаноски кој ќе остане да живее преку делата и спомените во колективната меморија на градот за кој правеше се’.
Неговата ненадејна смрт не остави сите во шок и неверување, кои премина во бескрајна тага…
Простувањето со него и спомените кои болат ќе не опкружуваат сите нас кои го познававме или барем за миг сме биле покрај него.
Во име на веб порталот „Публитицитет.мк“ како негов сопственик и еден од луѓето кои го уредуваат уште еднаш на овој начин сакам да го изразам моето најдлабоко сочувство до сопругата Надица, децата Димитар и Елена за големата и ненадоместлива загуба на сопругот и татко Јован Стојаноски…
Дозволете ми уште еден мал вовед пред да го слушнете аудио записите останати во мојата лична новинарска архива реалзирани со поранешниот продекан и професор д-р Јован од ФТУ во Охрид.
Имав чест да го запознам како млад и надежен асистент на ФТУ во Охрид. Јован беше од таа млада генерација студенти кои беа желни за наука и беа постојано во студентските предавални, вредни и ведри. Дел од нив покрај него – подоцна, а останатите и сега се столбот на оваа високо образовна институција.
Подоцна патиштата ни се споија во некогашното училиште за странски јазици ПАЛАЦО – учевме германски. И таму ја забележав неговата амбициозност, енергичност, жед за напредок.
Стигнаа интервјуата.
Првото реализирано во мојата матична куќа Радио Охрид кога Јован имаше само 33 години на 5 мај 2004 во култниот серијал ТОП ФОРМА и ова второто реализирано во февруари 2015 во неговиот кабинет на ФТУ а премиерно емитувано во првата сезона од уште популарната серија интервјуа МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ – тогаш на веб порталот Охрид1 . Имаше уште едно интервју – лани во предизборната кампања емитувано на Публицитет.мк пред Стојаноски да стане Градоначалник – татко на Охрид.
Ќе останат небројните средби на настаните кои како медиум ги покриваме кусите разговори и ракувања во кои доминираше неговата неповторлива насмевка. Тоа е животот истовремено убав и суров и непредвидлив.
Почивај во мир – градоначалник!
Со клик на линкот слушнете ги во целост обете интервјуа со д-р Јован Стојаноски. Уште еднаш да се потсетиме на неговиот глас, зборови и пораки, надежи и очекувања сврзани со семејството, студентите и градот Охрид.
ТОП ФОРМА – 5 МАЈ 2004 г.
МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ 20 ФЕВРУАРИ 2015 г.
Автор и водител: Милчо Јованоски. Публицитет.мк







