
Во Белград , Србија на 77 годишна возраст , по компликации од Ковид – 19 почина познатиот актер, пејач и композитор Зафир Хаџиманов.
Хаџиманов, е роден во Кавадарци на 25 декември , 1943 г. Живеел и учел во Скопје а Факултет за драмски уметности завршил во Белград.
Тој беше композитор, писател, шоумен и голема ѕвезда на поранешните југословенски простори..
Беше оженет со пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ, и татко на Васил Хаџиманов, познат џез – музичар.
Зафир Хаџиманов е автор е на стихозбирките: „Шансони на хартија“, „Азил“, „Народен пејач“, „Пес-Пејачка“ и „Брат“, објавени на македонски и на српски јазик.
Тој со подеднаков успех играл во театар ( мјузикли „ Свирач на покривот’ ) и на филм . Зад него останаа главни улоги во неколку филмови, како, на пример, „Македонска крвава свадба“ .
Носител е на повеќе награди и признанија на фестивали за поезија и музика, меѓу кои на Струшките вечери на поезијата, во 1975 година и на Интернационалниот фестивал на шансони во Загреб, во 2003 година.
Од бројните песни што ги испеал, најпознати се: „Панаѓур“, „Зошто“, „Како Вардар“,Земи момче Македонче“, „Љуби ме и главата горе“, Од љубов не се бега“.. .
Во 2007 година, Зафир Хаџиманов беше промовиран во почесен амбасадор на културата на Македонија во Србија.
Со Зафир Хаџиманов имав чест да се сретнам и разговарам во април 2003 година и десеттина години подоцна во Охрид на фестивалот „Охридски трубадури“ .
Од аудио архивата го емитуваме интервјутоп со Зафир реализирано пред 18 години за Радио Охрид.
Автор и водител Милчо Јованоски. Со клик на линкот подолу слушнете го интервјуто во целост.
Публицитет.мк







