• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 18, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

IN MEMORIAM Сотир Каралиевски, живот меѓу правото и правдата – музиката и нотите …

јуни 16, 2026
in Актуелно
IN MEMORIAM Сотир Каралиевски, живот меѓу правото и правдата – музиката и нотите …

Охрид е посиромашен за уште еден урбан лик. Си замина познатиот охридски адвокат Сотир Каралиевски. Не’ напушти во 77 година од животот во кој како и секој од нас помина и низ трње, но и покрај рози. Тие што одблиску го познаваа ќе признаат дека беше една исклучителна личност. Едноставен, близок со сите, човечен и праведен. Семеен човек со лице и образ, како што велиме ние охриѓани. Нека почива во мир.

Повозрасните на Сотир нема да се сеќаваат само како на адвокат , туку и како на музичар кој остави траги уште во младоста по матинеата, игранките , рестораните.

Да не заборавиме, Сотир Каралиевски имаше широка и богата професионална кариера во областа на правото , но и богата музичка активност. По завршување на правните студии во Скопје како нивен стипендист се вработува во Сојузниот секретаријат за внатрешни работи на СФРЈ со седиште во тогашниот главен град Белград.

Паралелно со правната дејност завршува и школа за резервни офицери при ЈНА и стигнува до чин и е капетан на резервен состав до распадот на СФРЈ.

После неколку  години поминати во Белград во одделението на Интерпол носталгијата го враќа во родниот Охрид. Кариерата ја продолжува како правник во „Отекс“ , претпријатие кое во тие моменти го почнува својот развој .

Таму поминува 20-тина години менувајќи повеќе функции повремено како член или раководител на правна служба, кадровско одделение, службата за обезбедување и безбедност и како последно работно место во тоа претпријатие директор на трговско претставништво во Сараево се’ до распадот на СФРЈ.

Откако го положил правосудниот испит Сотир станува адвокат на 10.06.1994 и отвора своја канцеларија во која работи  до неговото пензионирање.Судбината сакаше да биде токму погребан на Денот на македонската адвокатура.

 Сотир учел и завршил  основно музичко училиште (прва генерација )во Охрид ,отсек кларинет.  Но ја открил и впил во себе и душата на хармониката, гитарата и пијаното. Членува во првиот состав на КУД „Гердан“ – Охрид,членува и оформува повеќе музички групи на ниво на Охрид, меѓу кои и најпозната „Брилијанти“ (за која е снимен и документарен филм).Во студентските денови членува во КУД „Мирче Ацев“ – Скопје во ревискиот оркестар како саксофонист. Додека е дел на „Отекс“ помага при формирањето и е еден од основачите на КУД „Отекс“ -Охрид и станува негов доживотен почесен претседател.

Најголемо задоволство му беа домашните седенки со неговите синови Јовица и Александар, со семјествата и неговата Ковиља која како што ни признаа обајцата во една пригода токму ги сврзала музиката и тоа во некогаш популарното ПТТ одморалиште во Охрид.

Почивај во мир , почитуван Сотир Каралиевски …

Публицитет.мк  

Посетеност: 1.640
Share
Previous Post

Завршија „Бисерни приказни под Самоиловите ѕидини“

Next Post

Света Архиерејска Литургија во Трентино – историски ден на духовно и национално обединување

Next Post
Света Архиерејска Литургија во Трентино – историски ден на духовно и национално обединување

Света Архиерејска Литургија во Трентино – историски ден на духовно и национално обединување

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 1.640

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk