• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, август 27, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во светот на уметноста

Иницијатива за пример: Лајонс клуботот Лихнидос од Охрид, десетгодишнината ја слави со изложба “500 години генијалност”, во чест и слава на Леонардо да Винчи

мај 10, 2019
in Во светот на уметноста
Иницијатива за пример: Лајонс клуботот Лихнидос од Охрид, десетгодишнината ја слави со изложба “500 години генијалност”, во чест и слава на Леонардо да Винчи

Лајонс клуботот Лихнидос, од Охрид, и досега познат по многу иницијативи од непосредна корист за граѓанството, одбра, својата десетгодишнина од постоењето, да ја про слави организирајќи настан и  изложба: “500 години генијалност”, во чест и слава на Леонардо да Винчи.

Свеченоста, на која ќе говорот професор д-р Зоран Тунте и галерисотот и добар познавач намликовната уметност, Љупчо Жупан, од галеријата Букефал, е закажана за недела, 12 Мај, со почеток во 18:00 часот, во црквата Св. Богородица Перивлепта, во Охрид.

– Ликовната изложба,  под наслов “500 години генијалност”, а и самото одбележување на нашиот скромен јубилеј – 10 години постоење, ги организираме во чест и слава на големиот уметник, истражувач и конструктур, Леонардо да Винчи. Тоа е, всушност, роденденски подарок за нашите охриѓани, но и за целата македонска јавност, како и за бројните туристи, кои во моментов престојуваат во нашиоит убав град, вели професор Тунте, од  Лајонс клуботот Лихнидос.

 Tunte 4

Во тремот на црквата, ќе бидат изложени 20 репродукции од најпознатите дела на маестро Леонардо, видео материјал и две провидни фолии, со кои се покажува уште еден скриен елемент на неговата генијалност: ликот на Мона Лиза и автопортретот на Леонардо, целосно се поклопуваат.

Tunte osnovna

Tunte 2

Леонардо да Винчи (Leonardo da Vinci) роден е во селото Винчи, Тоскана, април 1452, а починал мај 1519. Живеел и работел во Фиренца, Милано, Рим и Париз.

 Тој е познат италијански  ренесансен архитект, инжињер, склулптор и уметник, сликар, изумител, анатом и астроном, а се знае дека изработел и нацрти од областа на медицината, кои не се сочувани.

Бездруго, еден од најголемите умови на светската цивилизација, било кога.

Tunte

Неговото дело, портретот Мона Лиза го започнал во март 1503 и го работел полни 4 години. Подоцна сликата ја купил францускиот крал Франсоа Први и денес се чува во музејот Лувр во Париз,

Денес, Мона Лиза е сигурно најпознатиот портрет, а можеби и воопшто, најпознатата слика на светот, која е предмет на бројни толкувања и уште повеќе репродукции. 

 

текст и фото: Веле Митаноски

Посетеност: 62
Share
Previous Post

Младата виолинистка Марија Џуклеска освои втора награда на престижниот натпревар „Петар Коњовиќ“

Next Post

Романот „Грех једне Ромкиње“ ќе биде промовиран и во Охрид

Next Post
Романот „Грех једне Ромкиње“ ќе биде промовиран и во Охрид

Романот „Грех једне Ромкиње“ ќе биде промовиран и во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 62

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk