Вики клуб Охрид и Ретки болести Охрид продолжуваат континуирано со соработка.
Имено, секој ден во месец февруари, како месец на ретките болести, преку Вики клуб Охрид се уредува по една статија за една ретка дијагноза на Википедија на македонски јазик. Но, и покрај таа активност, клубот се вклучи и во активност набоење на дланките кои симболизираат 5% на достапни лекови за ретките болести.
Покрај дружењето, на членовите од клубот преку видео презентација им се доловија уште еднаш фактите и проблемите за ретките болести ширум земјата и светот. Од неодамна, Вики клуб Охрид стана официјален партнер и поддржувач на Светската организација за ретки болести. Се радувам што на еден ваков волонтерски начин барем малку придонесуваме во активностите на кампањата и секако продолжуваме и понатака со истото темпо- истакна Наташа Неданоска, координатор за образование на ГЛАМ Македонија во Охрид.
Публицитет.мк