НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид известува дека поради големиот интерес на читателите Саемот на книгата утре и задутре ќе биде отворен од 10 до 18 часот.
Љубителите на книгата саемот ќе можат да го посетат и во сабота од 10 до 14 часот.
Од понеделникот во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во соработка со издавачката куќа „Матица македонска“ се одржува саем на кој лектири и белетристика може да се купaт на попуст до 50 проценти.
Публицитет.мк