
Екипите на Јaвното претпријатие „ Охридски Комуналец“ по налог на Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид утрово спроведоа активности за расчистување на градежниот шут кој несовесни граѓани го одложиле во непосредна близина на „Горна Порта“.
-Упатувам јавна осуда за сторителите, а воедно и апел до граѓаните да покажат повисоко ниво на еколошка свест за сочувување на животната средина и јавните добра, особено на ваквите локации кои имаат големо значење за нашата историја и култура, вели градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.

Како што потсети тој, на археолошкиот локалитет „Горна Порта“ се пронајдени дел од највредните археолошки артефакти во нашата држава, златната маска, златна ракавица и сребрени предмети кои имаат непроценлива културна вредност.

Извор: Официјална ФБ страница на градоначалникот Георгиески






