Сите ние – луѓето, секојдневно сме изложени на стрес, трауми и страв за сопственото здравје. Мојата голгота по белите, студени болнички ходници траеше неколку години. Дијагнозите често различни а луѓето во бело со своите извештаи ме правеа да бидам де среќна, де тажна.
Последнава година моја безусловна поддршка беше матичната – д-р Христина Ралева – Павловска а во таа потрага по спас од болеста изразувам и голема благодарност до хирургот д-р Мирко Лекоски од Општа болница од Охрид.
И со оглед на тоа што животот секогаш е највештиот режисер а не ме прескочи и мене, потрагата по лекар – хирург случајот сакаше да ме однесе на хируршката операциона маса во Општа болница во Струга. Таму ме пречека доктор Златко Лазаревски, човекот со големо и хумано срце и многу љубов и грст убави зборови кои ми дадоа надеж за денот потоа. И така бидна, помина операцијата на дојка со низа мои лични претходни трауми кои ќе треба многу време и простор ако ги опишам .
Сега преку Публицитет.мк сакам само искрено да им се заблагодарам од срце – за новиот подарен живот на д-р Златко Лазаревски и на целиот лекарски тим и персонал кој беше ангажиран пред, за време на операцијата и после неа.
Ретки луѓе, луѓе за пример. Бог нека им подари здравје и долговечност и сила да спасат уште многу нечии животи.
Даниела Ристеска од Охрид.
Публицитет.мк