• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, јуни 26, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Истражителот на СЈО бил приведен, бидејќи фотографирал објект на Мијалков

октомври 21, 2016
in Актуелно

Истражителот на Специјалното јавно обвинителство вечерва бил приведен во полициската станица „Беко“, бидејќи бил забележан како фотографира објект во сопственост на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков, информираше вечерва министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Тој бил забележан како фотографира објект, го забележало обезбедувањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Бил повикан на разговор во станицата „Беко“. Направен е првичен разговор, и по насоки на надлежниот јавен обвинител земена е изјава од истражителот како и службени белешки на службените лица кои постапувале во моментот и целиот предмет е предаден во Јавното обвинителство, а истражителот е пуштен. Моите информации говорат дека лицето било забележано како фотографира објект за кој не информираа дека бил објект на господинот Сашо Мијалков – изјави Спасовски.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали е спорно што истражителот сликал објект и дали е тоа нешто невообичаено, министерот рече дека за него не е спорно, бидејќи и неговата куќа била фотографирана кога го избрале за министер и тоа од претседателот на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на што тој никако не реагирал.

Вечерва министерот Спасовски се сретна со тимот на СЈО, на барање на Јанева, бидејќи двајца истражители беа попречени да си ја извршуваат својата должност.

Како што појасни Спасовски, тој ја поддржува работата на специјалното јавно обвинителство и судските наредби ќе бидат завршени до крај, откако ќе се отстранат одредени технички пречки.

– Специјалната јавна обвинителка го повлече истражителот, поради тоа што имаат недоразбирање во начинот на договор со Управата за безбедност и контраразузнавање и во моментов кога ќе се обезбедат техничките услови, со присуство на човекот од „Ериксон“ ќе се докомплетира постапката, бидејќи веќе две третини од наредбите се извршени – додаде Спасовски.

Извор: www.meta.mk 

Посетеност: 105
Share
Previous Post

Македонски бајки за деца од целиот свет

Next Post

Се плашите од кловнови? Дознајте од каде потекнува вашиот страв

Next Post

Се плашите од кловнови? Дознајте од каде потекнува вашиот страв

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 105

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk