Деновиве познатиот охридски уметник Јордан Манасијески во колекцијата престижни награди кои ги добива по светот ја вреди и наградата „Микелнаџело“ што во чест на јубилејот 500 години од изработка на скулптурата „Мојсеј” од Микеланџело Буонароти им се доделува на одредени современи автори кои што оставаат значаен белег во светската уметност.
Љупчо Жупаноски, сопственик на галеријата „Букефал“ кој е застапник и промотор на делото на Манасијески во интервју за Публицитет. мк вели: -Наградата ја доделуваат италијанската критика RUSSO, Efeeto Arte , и издавачката куќа Serradifalco, а чинот на доделувањето се случи во палатата „Cardinal Cesi”, во Ватикан.
Дека ништо не е случајнио и дека се е плод на високите естетски и универзлни вредности на сликарството на Манасијевски кое во себе содржи куп пораки сведочи и дел од критиката на познатиот Салваторе Русо објавена во списанието за уметност “ОверАрт”:
-Моќен ракопис. Креативна енергија. Динамика која како знак никогаш не е статична.Овие се основните карактеристики на сликарството на Јордан Манасијески.Сликар кој ги истражува мистериите на умот визуелно следејки го својот инстинкт. Одлична синтеза на симболи, збогатена со многу бараниот хроматизам ги карактеризира делата на Манасијески.Уметник чии визии ги поставуваат фундаментите на новата современа уметност, запишал Русо.
-Важно е што ова меѓународно признание за Манасијески ја става македонската во врвот на современата светска уметност и насекаде каде што ги презентираме неговите дела во каталозите и во пишуваните документи стои Охрид, Македонија. Наградата ни ја донесе и поканата за учество , во 2016 година на „Триенале Ди Италија“, додава Жупаноски.
Со Жупаноски подробно разговаравме за уметноста на Манасијески и воопшто за работата на галеријата „Букефал“ која влегува во 18 година во која ќе се прогласи за полнолетна и допрва ја очекуваат нови возбдуи докажувања во светот на ументоста.
Со клик на аудиото – слушнете го разговорот во целост.
Со Љупчо Жупаноски, разговара Милчо Јованоски