Преседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска донесе одлука за аболиција и за амнестија на сите политичари против кои се водат правосудни постапки.
Ова Иванов го соопшти попладнево, во обраќање до граѓаните на Република Македонија.
Треба да се види како оваа одлука на Иванов ќе влијае врз сите предистражни и истражни постапки што ги отвори Специјалното јавно обвинителство против актуелни политичари и поранешни функционери во владата и во институциите.
Иванов соопшти дека со аболицијата и со амнестијата на едно лице политичар му престанува издржувањето на затворската казна, на кое е осудено со правосилна судска одлука.
Извор: www.meta.mk