Неуморниот, академик Миле Миќуновиќ од Охрид од лани член на престижната Европската Академија на науките и уметностите со седиште во Салцбург – Австрија ја издаде својата стота книга.
На 1072 страници се прикажани кратки содржини од неговите издадени 100 книги и примероци од отпечатени 398 научни и стручни трудови. Книгата е во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.
„Живот полн предизвици“ ја содржи комплетна наставно – научна дејност, членство во стручни и научни здруженија, награди и признанија на акад. проф. д-р Миќуновиќ
Публицитет.мк