Неуморникот академик Миле Миќуновиќ во 103 книга пишува за СОЈУЗ НА БОРЦИ ОД НОАВМ 1941 – 1945 И ГРАЃАНИТЕ ПРОДОЛЖУВАЧИ ВО ОПШТИНИТЕ ОХРИД И ДЕБРЦА 2018
-Целта ми е да ги поттикнуваме и потсетуваме сегашните и идни генерации, да не забораваат и секогаш да им оддаваат почит на сите оние кои со својата храброст и крв, младост и живот, ја пишуваа нашата бурна историја и ја градеа Република Македонија – истакна авторот Академик Миле Миќуновиќ.
Рецензентот професор Љубиша Машановиќ нагласи: Книгата претставува своевиден конструктивен придонес на авторот во негувањето и зачувувањето на светлите придобивки на оние кои несебично ги положија своите животи. Успешно и професионално со филигранска прецизност на настаните авторот ја осветлува историската физиономија и мапа на Македонија и светот. Неизмерна почит за драгоценото богатство кое авторот го донира на мојата генерација и генерацијата по мене, наша мисија да продолжиме по патот на зачувувањето и негувањето на вековните традиции. Со ведрина и сила со здрава мисла за европска визија, храбро чекориме кон прогресивниот свет и идеалите на модерното време.
Професорот Наце Иваноскиi, рецензент на книгата, додава: Делото на Академик д-р Миле Миќуновиќ посветено на Сојуз на борци од НОАВМ 1941 – 1945 година и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца претставува значаен допринос за постоењето и работата на организацијата која е предмет на ова негово дело од нејзиното формирање до денес, како и нејзината улога во негување, афирмација и продолжување на почитта кон сите кои од дамнина се вградиле во ослободителното дело на македонскиот народ. Авторот само на нему својствен начин направил точен, хронолошки прецизен, јасен приказ на програмата на организацијата поткрепен со фотографии на споменици, личности и текстови соодветни на секој настан поединечно. Делово ја обврзува организацијата да се посвети на нејзино подмладување со нови членови – продолжувачи на делото од НОАВМ, негување на патриотизмот, борба за посветла иднина, рамноправност на сите граѓани, економски и културен напредок и должна почит кон сите различности во Република Северна Македонија. Затоа препорачуваме сите слободоумни граѓани да ја прочитаат бидејќи има што да се научи од неа.
Публицитет.мк