Публикацијата е резултат на заедничките активности за управување со Дримскиот Басен со вклученост на НВО секторот од Македонија, Грција, Албанија и Црна Гора.
Суштинската вредност на сливот на реката Дрим е бесценета – несомнено, тој е еден од најважните слатководни “жаришта” на биолошката разновидност во Европа. Без разлика дали сфаќаме или не, но слатководните екосистем заедно со биодиверзитетот и екосистемските услуги што ги обезбедуваат, го одредуваат квалитетот на животот и добросостојбата на луѓето.
Ние, како индивидуи можеме да направиме разлика едноставно преку почитување на правото дека сите суштества можат да ги користат придобивките од оваа планета и преку превземање на индивидуални или колективни чекори кон заштита на биодиверзитетот на сливот на реката Дрим.(извадок од публикацијата)
Во брошурата посебен дел зазема и Охридското Езеро како едно од трите езера во Дримскиот Басен
Oхридско Езеро – едно од неколкуте најстари езера во светот Охридското Езеро е едно од најдлабоките (максимум 280 метри) и најстарите езера во Европа со старост
помеѓу 2 и 10 милиони години. Езерото најмногу се полни од подземни води (50%) од неколку карстни извори (75% од изворите кај „Свети Наум“ и 25% Тушемиште) кои се наоѓаат во југоисточниот дел на езерото. Карстните подземни водни тела ја примаат и ја прочистуваат водата од Преспанското Езеро, чие ниво на вода се наоѓа 150 метри повисоко од нивото на Охридското Езеро.Поради големата старост и изолираност од околните планини, во езерото се развиени уникатни растителни и животински видови. Присутни се околу 1200 автохтони видови од кои повеќе од 220 се ендемични. (извадок од публикацијата)
Публицитет.мк