• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ од авторот Дарко Богданов

декември 6, 2021
in На минување
Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ од авторот Дарко Богданов

На македонската стрип сцена ќе се појави уште едно ново издание – стрип албумот „Бестрашниот“ на докажаниот и еден од најактивните стрип автори во државата Дарко Богданов.

Станува збор за детски стрип кој е создаден уште во далечната 2008 година, и кој првенствено требаше да излезе во издание на тогашниот бугарски издавач „ИЕКК Комикс“, но поради сплет од различни несакани околности изданието не беше реализирано. После многу години, стрипот конечно е презентиран пред читателите, осовременет со нов колор и збогатен дополнително со текстуален осврт и бонус материјали.

„Овој стрип според хронологијата на работите е всушност моето прво долгометражно завршено дело. Требаше да излезе како издание многу одамна, во друга држава и на друг јазик, но околностите во тоа далечно време за жал не дозволија. Потоа следуваа нови проекти низ годините, кои секогаш го ставаа „Бестрашниот“ во заден план. Но еве сега, конечно по 13 години чекање, стрипот е пред читателската публика, доработен и подобрен, со нов изглед“ – изјави Дарко Богданов.

Стрип албумот е во издание на Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“ -Охрид и е финансиски поддржан од Министерството за култура како дел од годишната програма од национален интерес.

Публицитет.мк 

Посетеност: 85
Share
Previous Post

Во Охрид 37 оздравени пациенти од корона

Next Post

Животот е игра . Гледај да си главен никако спореден во таа игра.

Next Post
Животот е игра . Гледај да си главен никако спореден во таа игра.

Животот е игра . Гледај да си главен никако спореден во таа игра.

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 85

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk