НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп, по повод 120 години од раѓањето и 65 години од смртта на Методија Андонов – Ченто, ќе отворат заедничка изложба “ЧЕНТО – Биографија низ фотографија”.
Изложбата преку фотографии го следи животот и делото на претседателот на Првото заседание на АСНОМ, од неговото детство, предвоениот, воениот и периодот по ослободувањето, се до неговата смрт, како и фотографии на создадени дела за него.
Отворањето на изложбата е во Спомен куќата на Христо Узунов – Охрид е утре – петок 18 ноември во 12.00 часот.
Автор на изложбата е Рубинчо Белчески, историчар – кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп.
Публицитет.мк