НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид организира изложба на ликовни дела од странски автори, по повод 7-ми Ноември Денот на ослободувањето на Охрид.
Селектор (куратор) на изложбата е познатиот охридски сликар Славко Упевче.
Изложбата ќе биде отворена в петок, на 6 ноември во 18.00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура. Влезот за посетителите е слободен.
Публицитет.мк