• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Јапонските боречки вештини: Начин на самоодбрана, спорт,филозофија или…???

јуни 23, 2016
in Аргументи за

Боречките вештини во мојот живот се присутни веќе 25 години. Имав можност да се сретнам со четири од сите досега експонирани и експлоатирани во западниот свет, а во три од нив сум со мајсторски степен:карате (4 ДАН), кендо(2 ДАН), аикидо(1 ДАН) (во моментов континуирано ги изучувам и предавам:карате, кендо и иаидо).

Во мојата комуникација со луѓето сè уште се гледа недоволната информираност за тоа што се боречките вештини: спорт, начин на самоодбрана, филозофија или…???

Најпрво, сакам да кажам дека самиот израз „јапонски боречки вештини“,во најосновната смисла, означува систем од дефанзивно-офанзивни техники,кои на оној што е посветен би му овозможиле избегнување каква било опасност по неговиот живот,по животот на неговите најблиски, па и на сите оние што не се доволно силни за да се одбранат. Значи, овде не станува збор за спорт, ниту за филозофија. Но, да започнеме со кратката историја на боречките вештини (како личност што се занимава со неколку боречки вештини, нема да се задржам конкретно на една, туку ќе зборувам општо за сите).

Колку се стари, дали имаат заеднички „предок“, од каде потекнуваат и уште многу други прашања, всушност, се прашања за кои барањето на одговорот на оној што им е посветен е една добра историско-истражувачка авантура.

За тоа колку се стари боречките вештини, одговорот би бил:колку и самиот човек, но да не се разбере ова погрешно. Во секоја ера, епоха, во секој стадиум од неговиот развој постоела опасноста од загрозување на животот, односно потребата за негова заштита. Во таа насока, постоеле и одредени техники, во некои случаи дефинирани, во некои случаи недефинирани (во онаа праисториска ера). Како што напреднувала и еволуирала човековата цивилизација, така напреднувале и боречките системи/техники (не вештини), до овој стадиум каде што се денес.

tomo 2

Преку онаа намерна и ненамерна размена на искуства, овде се подразбира блискиот контакт на две спротивставени личности и нивната натамошна анализана нивните грешки.Полека се создавале одредени техники, па комбинација од техники, па подоцна системи, сè до оној момент кога се појавува терминот „вештина“.Се разбира, не биле сите доволно посветени да го прават ова, можеле само одреден број луѓе, подоцна наречени „старите Учители“. Ова бил процес што траел илјадницигодини. И, оттука, може дасе каже дека тие не потекнуваат од никаде, односно потекнуваат од секаде. Секој регион (помал и поголем), секоја држава, преку таа размена на искуства, си створиле системи, вештини карактеристични за нивното поднебје.Секогаш се прифаќале нови работи, се исфрлале непрактичните, па така, со текот на времето, се дошло до оној момент кога секоја земја си имала своја вештина,на пример: Јапонија (карате, џудо,џу-џитсукендо, кјудо, аикидо итн.), Кина (различни стилови на кунг-фу, таи-чи итн.), Индија (каларипајат), Тајланд (тајландски бокс), Хаваи (луа), Израел (абир и крав мага), Русија (система, самбо), Монголија(монголско борење ‒ бокх), Франција (савате), Индонезија(пенчак силат), Стара Грција (борење и бокс) итн.Се разбира,во некои земји, вештините како организирана форма се јавуваатпорано, а во некои подоцна. Значи, постоењето на различните вештини и системи на борење во различни земји може да значи само едно, а тоа е дека сите овие системи најпрво имале само една основна задача: самоодбрана. Но, каде е тука филозофијата, каде е спортот?

Од сите документирани материјали, може да се види дека,во прво време,не можел секој секогаш да ги изучува боречките вештини(барем во Јапонија, Индија, Кина). Тоа било привилегија на средната, односно на високата класа(за разлика од денес, кога широко се распространети и секој има пристап до нив). Привилегијата да се биде обучен во еден таков систем на борење, истовремено значело и нејзино благородно користење, а со тоа и одреден филозофски пристап. Сето тоа се поврзува со Бодидарма(будистички свештеник,кој чан-будизмот (во Јапонија познат како ЗЕН) го носи во Кина, некаде околу V или VI век), кој,според кинеските легенди, се стационирал во Шаолинскиот манастир каде што ги запознал свештеници со низа вежби, подоцна познати како САНЧИН КАТА, од кои,како комбинација се раѓа шаолинскиот кунг-фу.Иако Будизмот спаѓа во една од светските поголеми религии, неговиот правец ‒ ЗЕН сè повеќе содржи елементи на една мистична филозофија каде што преку ЗАЗЕН и КОАНсе оди кон филозофско градење, растење и усовршување на практикантот(накратко кажано).

Во Јапонија, тој првобитен систем на „ВЕШТА“ работа со оружје (кен џитсу, кјуџитсу, нагинатаџитсу), односно без оружје (џуџитсу),му бил достапен само на сталежот попознат како „САМУРАИ“ (постоеле 3 слоеви на самурајскиот сталеж). Перфектноста со работа со одредени оружја (КАТАНА –самурајски меч, лак и стрела, копје итн.), односно поседувањето знаење за работа без оружје (со гола рака), од самураите барало да поседуваат и други квалитети: начин на однесување, начин на добро изразување, со еден збор ‒ еден благороден однос кон останатиот свет.Оттука е и потребата за нивно запознавање на старата класика:ЗЕН-будизам (во филозофска смисла, како учење преку кое, наједноставно кажано, се отфрла стравот од смртта), филозофија, проза и поезија, сликарство, калиграфија, а во контекст на ова може да се спомнат спонтаните натпревари во ХАИКУ-ПОЕЗИЈА или КАЛИГРАФИЈА помеѓу Самураите на нивните седенки. Со текот на времето се раѓаат одредени правилашто Самураите мора да ги почитуваат, попознати како БУШИДО (буквално „ПАТОТ НА ВОИНОТ“, т.е. кодексот на Самураите) (едни од најважните се: кодот на чесност, кодот на лојалност, кодот на храброст)). Тука веќе е зародишот на оној филозофски пристап на вештините.Треба да се спомне и фактот дека одредени Самураи биле ангажирани и како ментори на децата од високата класа, со цел воведување во боречките вештини, без притоа да се занемари и оној благороден однос (за подобро запознавање со Бушидо, ги препорачувам книгите „ХАГАКУРЕ“ („Скриено под лисјата“)од Ј. Тсунетомоили верзијата од Ј. Мишима„ХАГАКУРЕ И МИШИМА“,„БУШИДО ‒ КОДЕКСОТ НА САМУРАИТЕ“ од И. Нитобе, „Зеноти самураите“ од Д.Т. Сузики и „Зенот и боречките вештини“ од Т. Дешимару).

Крајот наXIX век во Јапонијаќе остане запаметен како период на укинување на самурајскиот сталеж.Воведувањето на модерното огнено оружје како носител на вооружената борба ќе означи и исфрлање од употреба на лакот и стрелата, копјето и КАТАНАТАво текот на борба. Истовремено, тие ќе станат симбол на една филозофија на едно благородно однесување, кое не признава грешки. Оттука,боречките вештинисе симбол на една филозофија која,преку Бушидо,личноста ја гради во една што посупериорна индивидуа, еден добар припадник на општествената заедница. Токму затоа(и, од друга страна, намалувањето на милитаристичкиот дух поВтората светска војна), во XX век, сите вештини во Јапонија ја додаваат наставката „ДО“: КАРАТЕ ЏИТСУ = КАРАТЕ ДО, КЕН ЏИТСУ = КЕНДО, ИАИ ЏИТСУ = ИАИДО, КЈУ ЏИТСУ= КЈУ ДО, АИКИ ЏИТСУ =АИКИДО, ЏУЏИТСУ= ЏУДО итн.

Со завршувањето на Втората светска војна, сите вештини во Јапонија, на некој начин, се забранети. Тука доаѓа до оној втор важен момент(првиот, филозофски, погоре е наведен накратко): запознавање на популацијата со вештините како спорт и имплементирање во образовниот систем на Јапонија (најчесто вештините, како што се џудо, карате до и кендо се вметнуваат во универзитетите, а денес се дел од образовниот систем, почнувајќи од основното образование). Па, во текот на втората половина на XX век доаѓа до масовно популаризирање на јапонските боречки вештини, односно на јапонските боречки спортови низ светот.

tomo 1

Како и секој спорт, така и јапонските боречките спортови имаат огромно значење во правилниот развој на еден човек, и во физичка и во психолошка смисла. Најчесто, тука се мисли на создавањето едно цврсто тело, добра циркулација, добар кардиоваскуларен тек, поголема контрола во изведувањето физички вежби,подобра концентрација,подобра самоконтрола и морално усовршување.Од една друга страна, воведувањето како спорт значи негување и зголемување на натпреварувачкиот(победнички) дух кај децата. За да се победи на еден натпревар, мора да се биде меѓу најдобрите. Да се биде колку што е можно подобар Каратека или Кендока или Џудока, мора да се водиме од основните принципи на секој КЕИКО. Таа дисциплина што се стекнува при еден КЕИКО, понатаму се рефлектира и низдругите активности во секојдневниот живот(училиште, работни обврски, други општествено-друштвени активности), каде што се трудите обврските секогаш дабидат најдобро извршени, секогаш да биде присутен моментот на „фер-плеј“ и никогаш никого да не навредите! Впрочем, секој КЕИКО во сите вештини започнува и завршува со„РЕИ“ (REI), т.е.„ПОЧИТ“).

Во контекст на ова, за значењето на боречките вештини/спортови ќе го цитирамО-СенсеиФунакошиГичин (основач на Шотокан/Шотокаи Рју Kарате До):

„…постојат три вида лесни болести: болести што предизвикуваат треска, што предизвикуваат неправилност во дигестивниот тракт и физички повреди.Секогаш причината за слабостите на еден човек лежат во нездравиот начин на живеење, во неуредните навики и во слабата циркулација.Ако човекшто има температура вежба карате сè додека добро не испоти, брзо ќе открие дека телената температура спаднала на нормала и дека неговата болка е излекувана.Ако човек со дигестивнипроблемиго направи истото,ќе предизвика слободен тек на крвта и така ќе ја олесни неговата неволја. Физичките повреди, секако, се друга приказна, меѓутоа многу од нив, благодарејќи на редовниот тренинг каде што вниманието и грижата на каратеката (лице што изучува карате) се на поголемо ниво, можат да се избегнат.Карате до не е само спорт штоподучува како да се зададе удар со рака или со нога, туку тоа е и одбрана од болести…“

Сега… што се, всушност, јапонските боречките вештини­: начин на самоодбрана, филозофија, спорт или…??? Одговорот би билразличенза секого: некои ги тренираат само како начин на самоодбрана, некои сакаат подлабоко да проникнат во филозофијатаЗен и Бушидо, некои како спортско-рекреативна активност, а некои како комбинација од овие три аспекти. Јас го избрав ЧЕТВРТИОТ: НАЧИН НА ЖИВОТ!Започнав со спорт, па начин на самоодбрана, па постепено се запознав со филозофијата, и за сето ова ми беа потребни наддваесетина години. Да…иако сега е начин на живот, сепак мозаикот не е завршен.

Каде е крајот? Не знам. Знам само дека вештините се постојано усовршување, УЧЕЊЕ БЕЗ КРАЈ, затоа што нешто што се усовршува и не може да има КРАЈ!

Инструктор Ѓоко Томоски 

Публицитет.мк 

Посетеност: 115
Share
Previous Post

ВИДЕО – Горан Папаз со хит за летните жештини „Ти си насекаде“

Next Post

Анализа: регионални разлики – скопјани најбогати, штипјани и кочанчани најсиромашни

Next Post

Анализа: регионални разлики – скопјани најбогати, штипјани и кочанчани најсиромашни

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 115

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk