Не постои човек кому овој период (барем така се надевам) не му буди убави чувства, ведри мисли и пријатно расположение.
Нема нешто поубаво од семејните собирања, топлината на домот , мирисот на Божик , „последните за годината“ дружења со пријателите. Со радост чекам да ја испратам старата година зашто ме збогатила со нови искуства , ама и да ја пречекам новата зашто таа ќе ми отвори нови можности за нови победи .
Научив да сум задоволна со мали работи и да не се оптоварувам премногу со долгорочни планови. Всушност единствениот план ми е да му се радувам на животот! На музичко поле секогаш сум активна каква и да е формата на моето дејствување.
Не поминува година , а да не издадам барем по една песна , па така се надевам дека нема да биде поинаку и во 2019.
Oна што особено ме исполнува се и моите вечерни т.н.свирки.За среќа постојат многу песни што имаат нешто по што може да се окарактеризираат како вонвременски, но ако треба да издвојувам ќе се осудам мојата омилена песна на Dream theater да ја наречам вонвременска.
Среќни празници ваша Жармена!
Публицитет.мк