Во светот на популарната музика познато е дека голем број на композиции кои станале вистински хитови доживеале нови изведби од поголем број на други изведувачи , што се смета како потврда на вредностите на композицијата а од друга страна се продолжува и векот на нејзината популарност. Се разбира дека во тоа море од нови изведби се прави понекогаш и споредба дали е подобра новата изведба или оригиналната но и дали новата изведба е поуспешна од оригиналот , што можеби и не е вистинска спореба од причина што времето на оригиналната изведба било во поинакви пазарни и продукциски услови од времето во кое е создадена и продуцирана новата изведба.На оваа тема може многу да се дебатира и говори . Ние ја зедовма како повод да се потсетиме на една композиција која е доживеа голем успех и како оригинална верзија но уште поголем и како нова изведба.
Се работи за композицијата „Јас секогаш ќе те сакам“ која е напишана и првично снимена во 1973 година од страна на американската кантавторка Доли Партон. Песната таа ја напишала како збогување по седум години со нејзиниот поранешен партнер и ментор Портер Вагонер , откако таа одлучила да го напушти шоуто „Портер Вагонер“ и да започне соло кариера.
Синглот со оваа песна бил издаден во 1974 година и постигна голем комерцијален успех. Оваа кантри песна се искачи на првото место на топ листата на Билборд за кантри музика и тоа два пати.Најпрви тоа се случи во јуни 1974 година , а потоа и во октомври 1982 годинакога стана дел од саундтракот на филмската музика од филмот „ Најдобриот малечок бордел во Тексас“ во кој таа заедно со Барт Рејнолдс беа носители на главните улоги во оваа музичка комедија.На тој начин таа направи редок подвиг , со иста песна да се искачи на првото место два пати што дотогаш му пошло од рака само на Чаби Чекер со пената „Твист“ која станала број еден во 1960 и во 1962 година.
Песната доживеа „втора младост“откако Витни Хјустон сними нова верзија на оваа песна за потребите на филмот „Телохранител“ во 1992 година во кој таа заедно со Кевин Костнер ги одиграа главните улоги во овој филм.Тогаш , нејзиниот сингл помина рекордни 14 недели како број еден на топ листата на Билборд 100. Воедно тој стана еден од најпродаваните синглови на сите времиња.Освен тоа, тој го држи и рекордот на најпродаван сингл од женски изведувач во историјата на поп музиката.
Песната повторо влезе на топ листите во 2012 година по нејзината смрт, што го прави втор сингл во историјата кој повторно влегол меѓу првите три на Билборд 100.
Песната ја снимија и многу други изведувачи како :Линда Ронштад, Џон До, Амбер Рајли, Сара Вашингтон , Кени Роџерс;Кристин Ченовет, Џенифер Хадсон и многудруги. Како инструментална верзија стана дел од репертоарот на секој посериозен оркестар во светот.
Постојат голем број на интересни нешта кои се поврзани со оваа песна. Еве некои од нив:
Кога песната во 1974 година се искачила на првото место на музичките топ листи , Елвис Присли посочил дека би сакал да ја отпее оваа песна.Доли Партон била заинтересирана за таквата соработка се’ до моментот кога менаџерот на Присли , полковникот Том Паркер,не и соопштил дека вообичаена процедура е текстописецот на песната да се откаже од половината од правата за објавување на која било која песна која би ја снимил Присли. Доли Партон ова го обила . Во една прилика за оваа случка таа рекла: „Навистина ми беше жал. Цела ноќ плачев.Мислев дека е тоа најлошто нешто што ми се случило. Си мислев :Еј тоа е Елвис Присли. Сепак, реков : Не можам да го сторам тоа. Нешто во моето срце ми проговори:Немој тоа да го правиш, и јас едноставно тоа не го направив…Кога излегла верзијата со Витни Хјустон од авторските права Доли заработила вистинско богаство.
Откако песната во изведба на Витни Хјустон стана голем хит во 1992 година таблоидниот печат започна да известува за наводна „расправија“ помеѓу двете изведувачки. Така на пример беше објавено дека Доли Партон наводно се откажува од договорот дека таа нема да ја изведува песната на своите настапи се додека верзијата на Витни Хјустон се наоѓа на топ листите за да не се натпреварува со изведбата на Хјустон. Сепак и Партон и Хјустон ги отфрлиле овие гласини зборувајќи на своте своите интервјуа една за друга во супрлативи .Хјустон на Партон и била благодарна што напишала толку убава песна а Партон и била благодарна што толку прекрасно ја испеала со што и’ го зголемила износот од авторските права.
Дека сето ова било точно, говори и податокот дека кога Хјустон ја освои наградата Греми за најдобра интерпретација во 1994 година , наградата и ја врачи лично Доли Партон заедно со Дејвид Фостер.
По смртта на Витни Хјустон во февруари 2012 година , Доли Партон за Билборд изјави: „Моето е само едно од милионите скршени срца поради смртта на Витни Хјустон. Јас секогаш ќе бидам благодарна и воодушевена од прекрасната изведба што таа ја направи на мојата песна и навистина можам да кажам од дното на моето срце :„Витни, јас секогаш ќе те сакам . Ќе ни недостигаш“.
Неколку пати (долго пред Витни Хјустон да ја сними песната), Доли Партон и предложи на пејачката Пети Лабел да ја сними „Јас секогаш ќе те сакам “ затоа што сметаше дека Пети може да ја пее толку добро. Сепак, Пети призна дека постојано ја одложувала можноста за тоа и подоцна длабоко жалела за тоа откако го слушнала препевот на Витни Хјустон.
Во мај 2013 година еден авион од трансконтиненталниот лет на компанијата Американ ерлајнс итно слетал во Канзас Сити за од авионот да протера еден „многу непослушен патник“ кој одбил да престане да ја пее пее песната „ Јас секогаш ќе те сакам“. Тоа продолжил да го прави и дури додека со лисици го изнеле од авионот.
На оваа прекрасна песна ве потестуваме со двете најуспешни изведби: На оригиналната на Доли Партон и изведбата на Витни Хјустон.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк