Во сабота, 30 јануари во хотел Ривиера во Охрид започнува серијалот јавни дебати “Заслужуваме подобро образование!” организиран од здруженијата Центар за меѓуетничка толеранција и бегалци и Просветни работници Македонија.
Првата јавна дебата е посветена на состојбата и квалитетот на учебниците и учебните помагала во основното и средното образование во Македонија и носи наслов “До кога со стари учебници?”.
Воведни обраќања ќе презентираат:
– Ристо Николески, професор во средно гимназиско образование;
– Марија Чанова, педагог;
– Христијан Зафироски, матурант;
Ги покануваме и охрабруваме сите просветни работници, ученици средношколци, студенти, родители и други заинтересирани граѓани да учествуваат на јавните дебати и преку дискусија да придонесат кон споделување идеи за подобро образование, какво што заслужуваат младите генерации. Дебатата во Охрид , во сабота ќе започне во 11,30 часот.
Во рамки на серијалот јавни дебати ќе се одржат и во Делчево, Битола, Куманово и Скопје, преку соопштение најавија организаторите.
Публицитет.мк