• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, јули 9, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Јавна расправа за законот за угостителска дејност

декември 24, 2015
in Тикер

 

Пред два дена во Општина Охрид се одржа Јавна расправа за Законот за угостителска дејност поради потребата од допрецизирање и евентуални измени и дополнувања на одредени членови од овој закон, а во интерес на решавање на тековните спорни ситуации кои произлегуваат од толкувањето и имплементацијата на истиот. Расправата беше организирана од Секторот за Туризам и Локален економски развој на Општина Охрид, а на неа присуствуваа претставници од Министерството за Економија, Агенција за промоција и поддршка на туризмот на РМ, УЈП, Пазарниот Инспекторат, ХОТАМ, Општинскиот Инспекторат, како и претставници на угостителскиот сектор од Охрид, хотелиери и приватни станоиздавачи од мал обем.

После јавната расправа беа изведени неколку заклучоци кои како предлог форми ќе бидат испратени до надлежните институции на нивно разгледување и доработка, со цел вметнување во постоечкиот закон за угостителска дејност. При тоа, како најважни би можеле да се издвојат:

Измени на член 48 во однос на условите за соработка и договор со туристичка агенција,

Допрецизирање на член 46 во однос на неговото правно толкување,

Предлог за овозможување на вршење на дејност издавање на сместувачки капацитети од мал обем во колективни стамбени објекти со дозвола и согласност на заедницата / советот на станари,

Предлог за измени на плаќањето на туристичката такса по основ на годишен паушал,

Униформираност на сите лица кои се чинители во туристичката и угостителска дејност и др.

Утврдување на тарифници за туристички у слуги и др.

На расправата беше и одлучено да се одржуваат и понатамошни средби на чинителите во туризмот со цел, избегнување на сивата економија и избегнувањето на нерегуларноститие кои се јавуваат во оваа дејност, а со цел законско почитување на обврските на давателите на услуги во туризмот и елиминирање на нелојалната конкуренција.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Посетеност: 93
Share
Previous Post

АЛПОЈО ПРЕПОРАЧУВА: – Јадете лешници имаат широк спектар од лековити својства

Next Post

Градоначалникот Бакрачески упати честитика до граѓаните кои го слават католичкиот Божик

Next Post

Градоначалникот Бакрачески упати честитика до граѓаните кои го слават католичкиот Божик

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 93

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk