Отворање на 14-то издание на „Актерот на Европа 2016“
На 6 јули во амфитеатарот во Ресен, свечено ќе се отвори годинешното издание на интернационалниот театраски фестивал „Актерот на Европа“. Добитник на наградата за животно дело „Актерот на Европа 2016“ е светски познатиот и признати актер и режисер од Романија – Јон Карамитру. Покрај ова, господининот Јон Карамитру исто така ќе биде прогласен и за почесен доктор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА –Скопје, кој заедно со Општината Ресен и Здружението на граѓани „Езеро без граници“, се организатори на фестивалот.
На свеченоста ќе се доделат и наградите „Клучевите на Преспа“, кои му се доделуваат на истакнати личности од научната и образовната сфера, а годинешни добитници се академик Владо Матевски од Македонија и Д-р Андраж Чарни од Словенија.
Во рамките на програмата на фестивалот ќе бидат прикажани шест претстави од Македонија, Црна Гора, Србија, Бугарија и Франција, а за наградите ќе одлучува жирито во состав: Мето Јовановски – претседател, Гоце Ристевски и Рубенс Муратовски.
Во текот на фетивалот ќе се одржи театарска работилница меѓу Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје и Театарот Атеље Панта од Нормандија, во кое ќе учествуваат четири студенити од класата на Рубенс Муратовски при Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје, кои заедно со нивните колеги од Франција, во пероидот од 7 Јули до 10 Јули, ќе работат на претставата на Аполинер, а специјален гостин на работилницата ќе биде академик Влада Урошевиќ од МАНУ, при што ќе се промовира неговата книга посветена на Аполинер.
“6 Јули, Локација Амфитеатар, Ресен, 21:00 ч.
Свечено отворање на фестивалот:
- Прогласување на Јон Карамитру за Актер на Европа и Доктор Honoris Causa на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕФТА, Скопје
- Проекција на филм за Јон Карамитру – 15 мин.
- Беседа на Жорж Бани – Професор на Сорбона и претсетател на Интернационалната Асоцијација на театеарски критичари (AICT)
- Беседа на Јордан Плевнеш, основач на фестивалот
- Врачување на наградата Актер на Европа од градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски
- Врачување на наградите „Клучевите на Преспа 2016“ на Д-р Андраж Чарни од Словенија и на академик Владо Матевски – Македонија
- Настап на трите елитни актери на трите јазици на езерото:
Мето Јовановски, Македонија
Димитри Оргоцка, Албанија
Криса Јоаниду, Грција
„Умирам пеејќи, Наум Манивилов-Преспански“
по текст на Петре М.Андреевски „Сите лица на смртта“ во адаптација на Биљана Тодоровска
Режија: Сотир Чаушевски
Актерка: Марија Кондовска
Асистент на режија: Ѓоко Таневски-Бифо
Уметнички соработници: Петар Стојчевски-Бардак, Дамир Емин, Ѓорги Ставревски
7 Јули, Локација Сарај – Ресен, 21:00 ч.
„Адам и Ева“
Мирослав Крлежа, “ЈУК Херцег Фест”, Црна Гора
Адаптација и режија: Слободан Милатовиќ
Сценографија: Слободан Милатовиќ
Костимографија: Лина Лековиќ
Сценски движења: Ферид Карајица
Дизајн на светло: Мили Маловиќ
Актери: Бојана Малиновска, Данило Бабовиќ, Милош Пејовиќ, Срѓан Ѓорѓевиќ
Продуцент: Олга Вукмировиќ
Организација и техничка екипа: Милутин Вукичевиќ, Милош Зечевиќ, Никола Копривица
8 Јули, Локација Сарај – Ресен, 21:00 ч.
„Надежда Петровиќ“,
адаптација на текст: Биљана Ѓуровиќ,
Фестивал на монодрама и пантомима,
Земун – Србија
Режија: Божидар Ѓуровиќ
Костимографија и сценографија:
Марина Вукасовиќ-Меденица
Музика: Светислав Божиќ
Актерка: Биљана Ѓуровиќ
Дизајн на тон: Зоран Јерковиќ
9 Јули, Локација Сарај – Ресен, 21:00 ч.
„Се на масата“
монодрама на Васил Дуев
по текстови на Чарлс Буковски,
Театар „Љубомир Кабакчиев“, Казанлак – Бугарија
Сценска адаптација и режија: Ана Батева
Актер: Васил Дуев
Музика: Стефан Здравески
Дизајн на плакат: Коста Батев
Фотограф: Наке Батев
Видео: Александар Иванов
10 Јули, Локација Сарај – Ресен, 21:00 ч.
„Градите на Тиресијас“
Гијом Аполинер, Франција
Режија: Франсоаз Лабрус
Актери: Патрис Буги, Натали Дезмортро, Жан-Ноел Лефевр, Ромен Моте, Катерин Пере, Румена Шопова, Моника Ставревска, Мишо Димитријевски, Антониј Ѓорѓиев Илиоски
Музика: Жермен Албер-Биро
11 Јули, Локација Сарај – Ресен, 21:00 ч.
„Гопоѓица Јулија“
Аугуст Стринберг, „Театар Фабрика“, Македонија
Режија: Ѓорѓи Ризески
Актери: Миа Кантарџиева, Теоман Максут, Емине Халил
Кореографија: Ирена Лозинска
Дизајн и фотографија: Деана Андоновска
Костимографија: Драгана Таневска
Публицитет.мк