По повод интернационалниот ден на Спортот 6 април ЈП Билјанини Извори во соработка со ЈОУДГ Јасна Ристеска организира спортски ден за децата ( средните и големите групи ) од сите објекти при ЈОУДГ Јасна Ристеска.
ЈП Билјанини Извори за децата организираше превоз со панорамскиот двокатен автобус до СРЦ Билјанини Извори каде беа пречекани од вработените во претпријатието кои потоа ги прошетаа низ спортските објекти. Децата беа запознаени со спортската инфраструктура при центарот како и со спортовите за кого се наменети објектите.
![gradinka 1](images/gradinka_1.jpg)
Секако спортски ден не би бил спортски доколку дечињата малку не спортуваа, така што при посетата на отворените терени малку потрчавме и секако предводени од воспитувачките малку и повежбавме.
ЈП Билјанини Извори и ЈОУДГ Јасна Ристеска и во иднина ќе организираат спортски денови и спортски активности за најмладите.
Публицитет.мк