Вчера и завчера во организација на ЈП „Билјанини Извори“ а со финансиска поддршка на SWG ( Regional Rural Development Standing Working Group ) во соработка со ЕУ се реализираше проектот „Спортот и културата, иднината на нашиот регион“.
Проектот имаше за цел да социјализира-здружи три фудбалски клубови од три различни градови ( Охрид, Корча и Струга ) а ЈП „Билјанини Извори’ како организатори за да го постигнат тоа ги избра универзалните социјални инструменти спортот и културата.

Учесниците во проектот заедно ги посетија Заливот на коските, стариот дел на градота беше организиран и фудбалски турнир. Учесниците од трите града се запознаа и вкусија етно – храна специфична за нашиот регион.


Ова беше прв меѓународен проект за ЈП „Билјанини Извори“ и успешната реализација на истиот ни дава за право да се ангажираме и фокусираме на уште поголеми проекти кои ќе донесат повеќекратен бенефит за ЈП а со тоа и за нашиот град, велат од таму.
Публицитет.мк