• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

ЈП „Комуналец “ го обнови возниот парк

ноември 3, 2015
in Тикер

По долги години ЈП „Охридски комуналец“ го обнови возниот парк со пет најсовремени специјални возила за подигање на отпад од јавните површини. Инвестицијата вредна 306.328 евра или 18.839.172 денари е резултата на заложбите на градоначалникот Никола Бакрачески да се подобри квалитетот на јавните комунални услуги во градов.

– Со оваа инвестиција, ЈП „Охридски комуналец“ после подолг период ќе се стекне со можност да го подигне степенот на комунални услуги на повисоко ниво. Со тоа ќе се подигне квалитетот на услуги што претпријатието ги дава на граѓаните на Охрид во смисла на навремена достапност до нив, достапност до сите места каде што претходно имаше потешкотии да се пристапи со старата механизација . Со оваа инвестиција ќе имаме навремено подигање на отпадот и секако подобрување на возниот парк што од една страна ќе овозможи замена на старите и дотраени возила коишто во изминатиот период создаваа сериозни проблеми во функционирањето на претпријатието во однос на обавување на основната дејност. Од друга страна, набавката на овие возила ќе ја намали ставката во буџетот на ЈП „Охридски комуналец“ во делот на амортизациони трошоци и трошоци кои што настануваат со сервисирање на старите, дотраени возила. На општо задоволство на граѓаните и на мое лично задоволство, Охрид навистина исцртува посебно поглавје во делот на спроведување на јавната чистота во Охрид – рече градоначалникот Никола Бакрачески кој изрази надеж дека трендот на обновување на возниот парк на охридското комунално претпријатие ќе продолжи и во иднина, во наредните неколку години. 

Директорката на ЈП „Охридски комуналец“ Елена Скрческа, упати благодарност до локалната самоуправа и до градоначалникот Никола Бакрачески којшто во соработка со Министерството за финансии и Светска Банка ги набавија петте современи возила за претпријатието.

– Со оваа набавка ЈП “Охридски комуналец“ ја подобрува вредноста на материјалните средства и ја подобрува старосната структура на опремата. Знаете дека располагаме со доста стари возила , така што тој процент на вредност на средства којшто се во употреба се зголемува. Со овие возила граѓаните ќе добиваат навремена и сигурна услуга. Ние како јавно претпријатие постоиме за граѓаните и со тоа сакаме граѓаните да имаат здрава и чиста средина во која живеат. Со старите возила ние се соочувавме со секојдневни проблеми од типот на резервни делови кои тешко можевме да ги набавиме. Тоа беше причина да заостануваме во поглед на динамиката на извршување на услугите. Во однос на трошоците за гориво и резервни делови за старите возила трошоците беа многу високи- објасни Скрческа.

Од петте современи комунални возила за подигање на отпад од контејнери, што денес ги доби ЈП „Охридски комуналец“,едно е со зафатнина од 1.1 м³ и канти од 120 и 240 литри со капацитет од 16+1m3. Другото комунално возило е со зафатнина од 1.1м³ и канти од 120-240 литри и е со капацитет од 9+1m3. Две од возилата се со зафатнина од 1.1м³ и канти од 120-240 литри со капацитет од 3м³. Претпријатието доби и хидростатична машина за чистење на улици.

Овој проект општина Охрид го реализира со поддршка на Светска Банка, за најповолен понудувач по јавниот повик на Локалната беше избрана компанијата „ЕРКА БМЦ“ која се придржа на договореното односно достави возила какви што беа предвидени.

Моментално, возниот парк на ЈП „Охридски комуналец“ го сочинуваат 16 возила за отпад и една метачка. Последен пат возила и тоа половни се набавени пред 15 години а нови се набавени пред цели 17 години .

Извор: www.ohrid.gov.mk

Посетеност: 185
Share
Previous Post

Задолжителен дневен план: Насмеј се. Измами насмевка. Прегрни, Слушај музика. Диши длабоко. Одмори се. Опушти се. Мисли позитивно !

Next Post

Познавање и учење на германски јазик за студии

Next Post

Познавање и учење на германски јазик за студии

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 185

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk