По поводот 155 години од излегувањето на Зборникот на народни умотворби на Браќата Миладиновци, како и секоја година така и оваа, во Струга и Охрид се одржа „Годината на Есејот“ со учество на повеќе есеисти, теоретичари и писатели.
Изминатите три дена Медитеранската Академија им понуди на учесниците богата програма, од првиот па се` до последниот ден. Ние, од Публицитет.мк, ја имавме таа чест да присуствуваме на последниот ден.
Темата оваа година, а и главната дискусија на Тркалезната маса беше ЕСЕЈОТ И ПИРОТ, каде учесниците ги презентираа нивните есеи и дискутираа на теми од полето на филозофијата и литературата.
Вчера , попладнето беше организирана прошетка со брод по Охридското Езеро, а потоа во реномираниот бар Аквариус беше одржано матинето „Сини питоми утрини“, насловено по стихозбирката на писателот – домаќин Видео Видически, притоа учесниците дискутираа и разменуваа искуства заедно со Видически.
Оваа година чествуваа: Младен Шукало од Босна и Херцеговина, лауреат за 2016 година, потоа Петар Андацаров- Бугарија, Радомир Андриќ, Јеремија Лазаревиќ, Гордана Андриќ- Србија, Иван Џепаровски, Александар Прокопиев, Дамјана Видическа, Видое Видически, Јован Стрезоски и секако Разме Кумбароски без кој овој настан не би се реализирал.
За традиционалното гостопримство Медитеранската Академија на „Аквриус“ му врачи благодарница.
Публицитет.мк