• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, јули 31, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Јубилејното „На зајдисонце“ со нови доживувања за учесниците и за публиката

јули 24, 2021
in Омнубус
Јубилејното „На зајдисонце“ со нови доживувања за учесниците и за публиката

Во средата, ден по свеченото отворање трпејчани и бројните љубопитни туристи  се дружеа со меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид. Секулоски, преполн со за публиката непознати информации околу подводниот свет и живот во Охридското Езеро беше будно следен од присутните.

Вечерта под отворено небо беше прикажан добро познатиот документарец „Танцот на пастрмките“ и сцената која предизвика воодушевување кај публиката – бакнежот на Милутин со пастрмката.

mil 1

Искусниот инструктор по пливање Милутин Секулоски на интересен начин им го доближа светот на нуркањето на присутните, откривајчи многу тајни за нашето слатководно Море.

milutin

Четвртокот беше резервиран за уште еден настан сврзан со минатото на Охрид и Трпејца. Доц. д-р Никола Митровиќ – Бабе и Славчо Новески од Подрачното одделение на Државниот архив ексклузивно во Трпејца презентираа делови од книгата „ Рибарски алманах“ чија официјална промоција ќе се одржи во септември.

image00059

Преку одлична видео презентација беше претставен  регистарот на лиценцирани рибари во Охридското Езеро за периодот 1934 – 1941 година, единствен од таков вид во земјата.

image00061

Во Алманахот се поместени имиња на 150 рибари, од регистрираните 480 во односниот период. Во публикацијата многумина охриѓани а и трпејчани ги пронајдоа и ќе можат да ги пронајдат своите претци, па дури и да си ги најдат корените на сопствените имиња, што е своевидна традиција во Охрид, Струга и рибарските населени места долж крајбрежјето на езерото.

image00036

Вечерта беше збогатена со настапот на младите репродуктивни уметници од Охрид – средношколките Христијана Матеска – хармоника и Марија Џуклеска – виолина.

image00047

По трет пат, синоќа на Културно – забавното лето настапи Градскиот мешан хор од Охрид „Вокс Лихнидос“ со интересна програма – мешавина од хорски бисери и обработка на македонски народни песни и светски хитови. Диригент беше Бурим Хидри.

hor

Денеска сабота од 20.30 часот публиката ќе ужива во настапот на младите Мила и Билјана познати како дуо Black moon.  Вечерва планирана е и средбата со проф. д-р Мери Јосифовска која ќе говори на тема: Еден поглед на Трпејца од ономастички аспект. Концептот на летото е всушност забава  и едукација на мештаните и туристите.

Во рекреативниот дел утре од – недела од 10 часот  се традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и Малиот пливачки маратон помогнати од Асоцијацијата СПОРТ ЗА СИТЕ.

пуб

„На зајдисонце“ утревечер ќе се вклучи  во одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на големиот Блаже Конески со омажот насловен: „Поезијо чувствата ми ги будиш“ на која со избор од поезија од Конески и од други домашни светски поети ќе настапат: актерката Марија Кондовска, Симон Јаковлев – Писин и музичарот Лео Спасески – Охридски ( синтисајзер).

Десеттото јубилејно „На зајдисонце“ трае до 28 јули а е во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ под покровителство на Општина Охрид и помогнато од делагацијата на ЕУ во Скопје и брони спонзори и донатори.  

Публицитет.мк 

Посетеност: 83
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Тони Чифлигароски

Next Post

Возбудлива средба на пијанистот Костовски со публиката на „Охридско лето“

Next Post
Возбудлива средба на пијанистот Костовски со публиката на „Охридско лето“

Возбудлива средба на пијанистот Костовски со публиката на „Охридско лето“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 83

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk