Народниот театар од Охрид на 28 јуни со почеток во 20 часот ќе ја одигра театарската претстава „Каде е пиштолот?“ од унгарски автор Габор Ѓоргеј во режија на Дејана Николовска.
Улогите ги играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев и Стрезо Стаматовски. Драматург е Кристина Тодороска Петреска.Сценограф, костимограф и дизајн на светло е Милена Пантелеева. Музиката е на Гаро Ашикјан, а инспициент е Филип Ангеличин-Жура.
„Каде е пиштолот?“ е модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на репресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието.
Публицитет.мк